речник контакт

Диспанзерот за туберколоза се сели во Болница?

Нов шалтер за рендген на влезот од Болницата. Втор ден од посетата на министерот Тодоров на велешката Болница

Петар Печков

До крајот на неделава ќе се знае дали Анти туберколозниот диспанзер кој се наоѓа во посебна зграда во новиот дел на градот ќе се пресели во Болницата. Ова денес го најави министерот Тодоров по вториот ден и разгледувањето на состојбите во велешката Болница.

Според увидот, диспанзерот  има големи трошоци, мал е бројот на пациенти кои таму добиваат услуги, а воедно капацитетот на Интерното одделение во  болницата е искористено само околу 30 отсто. Затоа,   до петок треба да се одлучи што понатаму со овој диспанзер. Ако дојдат лекарите од АТД во болницата, ќе дојде и до подобрување на услугите за пациентите  во оваа здравствена институција –рече министерот Тодоров.

Истовремено се врши и обука на здравствениот персонал соработка со една меѓународна  институција. Идејата  е персоналот и лекарите да се обучат за односот кон пациентите и начинот на организација. Веќе утре среда  ќе биде поставен  нов шалтер за рендген во болницата на кој пациентите ќе добиваат информации за рендген услуги, а ќе бидат поставени и повеќе табли за информирање на пациентите. Ова по реакциите на пациентите оти тоа одделение има два ката, па тие не знаат каде да се упатат.  Со стручниот тим на болницата се прави анализа на потрошувачката на лекови.

Директорот на општа болница Атанас Василев одговарајќи на новинарско прашање кога специјализантите ќе можат да продолжат со нивна обука, оти поради не уплатени средства кон Клиниките, тие не можат да полагаат, одговори дека,, докторите ќе продолжат со специјализација, и дека Болницата ќе најде пари,,.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »